Како што пренесуваат англиските медиуми, фудбалскиот клуб Челси е подготвен да плати 60 милиони евра за Вирџил ван Дајк од Саутемптон. “Дејли експрес” тврди дека Антонио Конте одлучил да се насочи кон Ван Дајк, бидеќи не успеа да го доведе Леонардо Бонучи.
Сепак тоа нема да биде лесно, бидеќи Ван Дајк е на мета на многу клубови меѓу кои двата клубови од Манчестер, но и Ливерпул.
Него исто така го сака и Евертон, но тешко дека Роналд Куман ќе успее да го убеди пред другите англиски клубови.