Џери Гверинот е адвокат од Тексас кој вели дека повеќе нема да застапува лица обвинети за тешки убиства за што следува смртна казна.
Причина за тоа е што ниеден од неговите 36 клиенти не бил прогласен за невин. Некои го сметаат за најлош адвокат во САД, додека тој се брани дека презема озогласени тешки случаи, бидејќи „ и нив некој мора да ги брани“.
-Некој мора да ги брани, но „Брани“ е погрешен збор. Јас ги застапувам тие луѓе- вели тој за медиумите.
Тој додава дека застапува членови на банди, сериски убијци и социопати кои се обвинети за гнасни злодела. Работи во округот Харис, каде најмногу луѓе се осудени на смртна казна.
Уморен е , вели, од тоа да биде излошен на потсмев заради случаите со кои се справува.