Македонската патна исправа годинава се најде на 41. место според важност и јачина во светот, која се мери според тоа во колку земји може да се патува само со пасош, без виза. Со македонски пасош без виза може да се патува во 125 земји ширум светот.
Од регионот, подобро рангиран е српскиот пасош, со кој може да се патува во 130 земји, и секако пасошите на Хрватска и Словенија, кои се членки на ЕУ.
Со хрватскиот слободно е патувањето во 169 земји, а со словенечкиот во 180.
Според рангирањето што го прави Henley Passport Indeks, Јапонија го има најмоќниот пасош на светот.
Нивните граѓани можат да патуваат без виза во 189 земји.