Со мазник со паричка ДНУ ја прослави Василица

_MG_3626

Со мазник со паричка  „Друштвото за наука и уметност“ од Прилеп денеска го прослави христијанскиот празник, Василица, односно доаѓањето на православната Нова година, според јулијанскиот календар. Според стариот обичај, од мазникот секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година. Паричката на среќата оваа година ја пронаде претседателот на ДНУ – Прилеп, д-р Силвана Пашоска, која при оваа прилика посака среќа, здравје и напредок во животот на сите членови на ДНУ – Прилеп.

_MG_3599

– Патот до успехот е да вложуваме во себеси и да имаме позитивна мисла. А, ние како ДНУ преку разни активности, советувања, тркалезни маси и трибини ќе продолжиме да учествуваме во опшественото живеење на овој град, со цел од научен аспект, да придонесеме за решавање на одредени проблеми кои се од интерес на граѓаните – рече, д-р Силвана Пашоска.

Градоначалникот, Марјан  Ристески како почесен член на ДНУ, при оваа прилика им се заблагодари на членовите на ДНУ за  оджувањето на вековната традиција која ДНУ ја негува со години во чест на празникот Василица и посака многу здравје, среќа, успешна работа и соработка и во 2017 година.

_MG_3594

– ДНУ – Прилеп кое е составено од академици, професори, доктори на науки од различни области, важи за значајна организација во Прилеп, која со своето работење, знаење и искуство придонесува за развој на градот во различни области од опшественото живеење.

При оваа пригода градоначалникот, Марјан Ристески на сите верници по повод православната Нова година им посака економски просперитет и политичка стабилност во 2017.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.