Со колективно осигурување до поголема заштита на учениците, но и на наставниот кадар

– Со колективното осигурување при настанување на несаканите последици се создаваат услови за обезбедување на соодветна материјална заштита на осигурениците.

СН Осигурителен Брокер А.Д. нуди осигурување од незгода за сите категории на граѓани. Меѓу оние за чија сигурност се грижиме, посебно место заземаат најмладите членови на општеството, а тоа се децата, учениците и студентите. Преку овој тип на осигурување се избегнува можните последици од незгодата да бидат и финансиско оптоварување за осигуреникот.

Осигурувањето од незгода на деца од предучилишна возраст е наменето за групно осигурување на деца во градинки, јасли, одморалишта, на возраст до 14 години. Со осигурувањето од незгода на ученици и студенти можат да се осигураат сите активно запишани во образовната институција преку која се врши осигурувањето, велат од најголемиот осигурителен брокер во државата, СН Осигурителен Брокер кој и оваа учебна година врши колективно осигурување на учениците.

Во секојдневниот живот, и учениците, како и сите други луѓе изложени се на многубројни опасности и можности да настрадаат во несреќен случај, кој може да настане на училиште, на улица, при детски игри, спортски игри, патувања, елементарни непогоди или од некои други неочекувани и непредвидени настани.

Во последно време се поголеми се ризиците и во јавниот сообраќај. Овој пакет на СН Осигурителен Брокер нуди целосна заштита во текот на 24 часа, насекаде низ државата и ги покрива сите трошоци настанати како последица на несреќен случај, односно незгода со вклучени трошоци за нарушена здравствена состојба за која е потребна лекарска помош, велат од компанијата.

Колективното осигурување на ученици е од последици на несреќен случај, односно незгода, со што сакаме при настанувањето на несаканите последици да створиме услови за обезбедување на соодветна матерјална заштита. Исто така не смееме да го заборавиме наставниот кадар кадар кој се грижи за нашите најмили, велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Од таму појаснуваат дека со осигурувањето од незгода можат да се осигураат работни колективи од наставен и професорски кадар, односно да се заштитат вработените во текот на целото деноноќие, без разлика дали се наоѓаат на работното место или надвор од него.

Овој тип на осигурување се склучува за цел да обезбеди целосна финансиска заштита од евентуален несреќен случај кој може да има последици по нивното здравје и живот. Кон ова осигурување можат да се приклучат и лица вон работен однос, по барање и евиденција на работодавачот.
Со овој тип на осигурување се покриваат основните ризици како што се: траен инвалидитет и намалена работоспособност, смрт од несреќен случај, трошоци за дневен надомест, како и трошоци за лекување.

Инаку, покрај колективно осигурување од незгода, преку ова брокерско друштво може да се обезбедат сите видови на полиси и пакети кои постојат на осигурителниот пазар во делот на неживотно и животно осигурување како што се: осигурување од автоодговорност, зелен картон, каско, имотно осигурување, приватно здравствено осигурување, животно осигурување, транспортно осигурување, ЦМР, професионална и општа одговорност, асистенција и на пат, патничко осигурување итн…

Компанијата има раширена мрежа од 40 подружници низ цела Македонија, при што лесно ќе најдете која подружница е најблиску до вас преку веб страницата https://snbroker.mk/lokacii/. Сите информации можат да се добијат и на бесплатниот телефон 15770 или на емаил: [email protected].




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.