Фејсбук во последните неколку години престана да биде само социјална мрежа, односно стана составен дел од животот на многу луѓе во светот.
Поради тоа луѓето се нервираат кога некој ќе ги отстрани од листата на пријатели, без претходно предупредување или објаснување. Започнуваат да се прашуваат што направиле погрешно, а тоа знае да биде многу стресно.
Програмерите ја измислиле програмата “Who deleted me” која ќе не помогне да откриеме кој не отстранил од листата на пријатели.
Системот на апликацијата е едноставен, односно ја инсталирате апликацијата и се најавувате со помош на фејсбук, а таа ќе ја превземе листата на вашите пријатели. Секој пат кога ќе ја погледнете апликацијата таа ќе ви открие кој не е повеќе на вашата листа.
Ф.Г.