Завршено е реновирањето на одделението за очни болести во градската oпшта болница “Борка Талески” во Прилеп. Комплетно се реновирани болничките и оекарските соби, кабинетите и оперативниот блок заедно со салите од одделенијата за уво, нос и грло, како и махилофацијална хирургија.
Исто така монтиран и е нов најсовремен оперативен стол, што претставува донација на двете еминентни прилепски компании: прехрамбената индустрија “Витаминка” и “Прилепска Пиварница”.
Болницата го менува својот лик во секој поглед, па за брзо и комплетно ќе биде променет ликот на оваа најголема здравствена установа во градот.
Резултатите од издвоените 70 милиони денари од Владата за реновирање на прилепската болница се видливи.
Значајно е тоа што една голема општина како Прилеп, и граѓаните во неа и регионот, конечно ќе добијат современи услови за пружање на здравствена заштита, како и тоа дека со ова реновирање далеку повеќе ќе се подобри довербата во квалитетот на здравствените услуги од страна на граѓаните.