Со доодена “лада” и со покуќнината од својата трошна куќа појде да помогне, а за својата добрина доби ганц нов автомобил (Фото)

Азербејџаецот Север Бесирли, кој се вклучи во акцијата за помош на Турција со својата стара црвена „лада“, доби нов автомобил.

По земјотресите што го погодија југоисточниот дел на Турција, Сервер го наполни својот стар автомобил со работи што би им биле од помош на настраданите, па од својата трошна куќа во Баку се упати кон Турција.

Фотографијата трогна многу луѓе, особено кога се дозна за условите во кои живее самиот Сервер. Многумина коментираат дека оние што имаат најмалку секогаш даваат најголема поддршка.

Бесирли потоа гостуваше на национален канал во Азербејџан и даде информации за себе по што доби одговор од азербејџански бизнисмен.

По излегувањето од студиото, бизнисмен по име Бахтијар, барајќи ја водителката за време на рекламата, му ветил на Сервер Бесирли нов автомобил.

Во понеделникот азербејџанскиот херој Сервер повторно беше гостин во програмата и го доби клучот од својот нов автомобил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.