Со добар лидер во одбрана РК Прилеп ќе го победеше РК Бутел

Скоро цел меч беше неизвесен, а еден блесок на домашниот тим предводен од тренерот Горан Кузманоски ги задржа бодовите во Бутел. Паднаа мал број на голови за разлика од останатите суперлигашки дуели.

Во крајно неизвесен натпревар, но со еден блесок на домаќините, РК Бутел – тимот предводен од прилепската ракометна легенда, Горан Кузманоски – Таста, вечерва му нанесе нов пораз на Прилеп.

Крајниот резултат беше 25-18, но иако убедлив, противниците имаа свои моменти во текот на 60-те минути. Најпрво при резултат 7-8 во првиот дел, Бутел направи серија и стигна до 11-8 на полувремето. Во вториот дел следуваше притисок на прилепчани, кои во еден момент израмнија на 16-16. Сепак, потоа следуваше нова серија на скопскиот тим за 20-16.

До крајот Бутел не дозволи ново изненадување и лесно го приведе натпреварот во своја корист.

Со овој триумф, тимот предводен од Кузманоски го презеде петтото место на табелата од Прилеп и му им го нанесе третиот сезонски пораз на избраниците на Божидар Мојсов.

Веќе неколку натпревари е јасно дека на Прилеп му недостига лидер во одбраната, како капитенот Филип Велески, кој минатата сезона стави крај на кариерата..




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.