Република Македонија, ќе добие 800 000 вакцини против Koвид-19, од прозиводителот Фајзер од кои само 5850 дози ќе пристигнат во февруари, информира Министерството за здравство.
-Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вakцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата производител на вakцини против Koвид-19. Првите 5850 дози вakцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди, соопшти утрово Министерството за здравство.
Вakцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени Целзиусови, а таквите фрижидери во нашата земја ќе пристигнат месецов.
Регулаторните медицински агенции, европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вakцината на Фајзер.