Прилепчаните Владимир Јованоски и Пеце Илиоски инаку вљубеници во природата, планинарењето и планинскиот велосипедизам, направија голем подвиг и со велосипед поминаа тура долга од 300 км возење и 8 км планинарење.
Или како што не извести Јованоски, успешно го реализирал предизвикот Прилеп – Чеплес – Солунска Глава – Скопје – Велес – Градско – Плетвар – Прилеп.
Претходно велосипедот на Јованоски беше првиот кој се искачил на врвот Козјак на 1747 надморска височина.
А.Г.