Bо храмот Св. Благовештение денеска беше одбележан празникот Светите Три Светители (Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов), познат уште како „Денот на Бакалите“.
Се одржа Божествена Литургија со која што чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.
Бакалите, односно трговците и дуќанџиите од Прилеп велат дека овој ден се празнува уште од 1954 година и претставува традиција на прилепскиот еснаф која што верно ја одржуваат низ годините.
Годинашен домаќин односно кум е Кирил Јандреоски. После црковната литургија на заедничка трпеза со дружба го одбележуваат патрониот празник во с.Лениште на манастирот Св.Петка.