Грозниот чин со бојадисување на кучиња скитници ги згрози прилепчани, а нивните реакции по социјалните мрежи се гласни. Се бара заштита на животните и казна за сторителот на делото.
Имено, вчера во центарот на Прилеп поради непознати причини, едно лице чиј идентитет е непознат на јавноста, бојадисуваше и малтретираше куче скитник, и сето тоа пред очите на голем број минувачи низ градскиот плоштад.
Ваквото грозно дело, предизвика лавина реакции по социјалните мрежи од љубителите на животни во Прилеп, кои како што велат, сторителот неколку пати бил пријавуван во полиција и во општината, а досега изостанала било каква реакција.
ХОРОР ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП: Среде бел ден крвнички тепал кучиња и држел нож во раката (ФОТО)
Исто вакво дело неодамна беше забележано кога во жолта боја беше бојадисано маче, а во февруари годинава на истата локација беше бојадисано друго куче.