Учениците од СОУ “Ѓорче Петров” кои што освоија медаљи на Државното училишно првенство во карате беа на прием кај директорот Дејан Димоски. На првенството СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп беше второпласирано во листата на најуспешни училишта. Андреј Ристески го освои првото место во категоријата кумите до +76 кг, Константин Василески се закити со трето место во истата категорија под 70кг, кое го подели со уште еден ученик Звонко Николоски, кој освен во борби беше второ пласиран и во кати. Во женска конкуренција Кириана Камческа го освои првото место во кати.
дома Регион Образование СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп второ најуспешно училиште на Државното првенство во карате