Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, видно вознемирена поради дебаклот по повод „прославата“ за наводната покана во НАТО, вечерва во интервју на радио „Канал 77“ немајќи излез од незгодното прашање на Сотир Костов, одлучи на нејзе препознатлив дрзок и арогантен начин да се искара со уредникот на радиото.
„Столе ти требаше да ми кажеш, не може тука Сотир да ми поставува прашања!“ – рече Шеќеринска, премолчувајќи одговор на прашањето од аналитичарот Костов.