Натпреварот меѓу Данска и Финска од Европското првенство беше прекинат пред крајот на првото полувреме откако Кристијан Ериксен колабираше на теренот.
Данскиот репрезентативец Кристијан Ерисекен колабираше на мечот од ЕУРО 2020 меѓу Данска и Финска.
Според фотографиите кои може да се видат на интернет, фудбалерот на Интер свесен го напуштил теренот во Копенхаген.
Според последните информации на УЕФА, фудбалерот е префрлен во болница, а неговата состојба е стабилизирана.