Соседите да учат од Австралија: Од сега учениците Македонци ќе можат да учат на Македонски од забавиште до 12 години

Во радио интервју за информативната програма на Македонски јазик за австралиската телевизиска и информативна мрежа SBS, претседателката на Македонскиот просветно-училишен одбор во Нов Јужен Велс ја соопшти убавата вест.

Владата на Нов Јужен Велс, деновиве, за првпат објави наставен план и програма за македонскиот јазик.

Со тоа македонскиот ќе биде застапен од забавиште до 12 година, во училиштата на оваа австралиска држава.

За значењето на овие, одлични вести за македонската заедница во Австралија, разговаравме со Жаклина Михајлова, претседателка на македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс.

Гостувањето на Жаклина Михајлова во SBS радио слушнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.