Да се биде прв и најдобар е мотото што ги води мотоциклистот Синиша Кочовски и компанијата Mozzart на патот до целта.
Шампионите секогаш се поддржуваат едени со други, па така лидерот во приредување игри на среќа и шампионот на тркачките патеки се препознаа и започнаа успешна соработка.
Со голем број извозени патеки, освоени трофеи, Кочовски успешно ги бранеше боите на нашата држава.
Сезоната ја заврши со голем успех и освоено прво место во најсилната и најпрестижната категорија во БМУ Европскиот шампионат.
„ Среќни сме што на крај успевме да ја оствариме зацртаната цел – да ја одбраниме титулата во регионот. Не беше лесно, тоа мора да се напомене, но верував во себе и во мојот тим. Заедно успеавме да ги надминеме сите препреки и да се радуваме на уште еден трофеј. Не застануваме тука, веќе започнавме со плановите за новата сезона, во која како поискусни ќе влеземе во нови авантури и ќе целиме кон нови трофеи. Сето ова немаше да биде возможно, доколку зад мене не застанаа моите пријатели и моето семејство. Секако, голема улога во овој успех има и компанијата „МОZZART“ и нивниот позитивен пристап кон овој не така атрактивен спорт во Македонија. Среќни сме што имаа слух за нашите потреби и се надеваме дека ова беше само поставување на темел на нашата соработка во иднина“, изјави Синиша Кочовски.
Лидерот во приредување игри на среќа му беше ветер во грб на македонскиот мотоциклист кој успеа да освои едно прво место на легендарната патека во Брно и седум втори места (Серес, Грција, Плевен, Бугарија, Брно, Чешка, Словакиа Ринг, Словачка и Гробник, Хрватска).
Во ФИМ Европскиот шампионат Кочовски стана првиот Македонец со подиум, откако на патеката „Словакиа Ринг“ го освои третото место.
„Ни преставува особена чест и задоволство што имавме можност да му дадеме поддршка на нашиот мотоциклист Синиша Кочовски. За време на целата сезона, тој успешно ги бранеше боите на државата и на компанијата Mozzart. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и натаму и заедно ќе извозиме уште многу патеки и ќе освоиме голем број трофеи”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.