Сопственикот на хотел Арка: Не бркаат од скопската чаршија бидејќи сме Македонци (Видео)

Од хотелот „Арка“ се жалат дека од утрово до попладнево биле изложени на, како што велат, вандалски напад од страна на 20-ина хулигани организирани од сопственик на дивоградба, која, според тврдењето на сопственикот на „Арка“, Сашо Џиковски, се гради во Старата скопска чаршија – пишува порталот “Курир”

Џиковски вели дека полицијата интервенирала неколкупати, меѓутоа им рекле дека повеќе не се во можност да ја гарантираат нивната безбедност и им порачале да си ангажираат приватно обезбедување. Тие биле заложници во хотелот заедно со уште 30-ина странски гости.

„Ова е резултат на неколкумесечен напад со цел насилно затворање на хотелот и преземање на паркинг-просторот, а тоа е потикнато од нашата етничка припадност како последна македонска фамилија што оперира во Старата скопска чаршија и во овој дел од градот. Објектите и опремата што се уништуваат се сопственост на хотелот „Арка“ и за нив имаме соодветни одобренија и дозволи“, вели Џиковски.

Тој додава и дека за горенаведените проблеми ги известиле МВР, Град Скопје, Државниот градежен инспекторат и Управа за заштита на културното наследство, но дека досега нема никаква позитивна реакција.”

 

ВИДЕО: “А1 он”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.