Сопругата на францускиот кандидат за претседател е 24 години постара од него (ФОТО)

brigitte-trogneux

Независниот центристички кандидат Емануел Макрон во првиот круг претседателски избори во Франција, освои 23,75 проценти, додека кандидатката на крајнодесничарскиот „национален фронт“ Марин Ле Пен освои 21,53 проценти од гласовите во првиот круг од претседателските избори во Франција, покажуваат конечните резултати, пријавени од француското министерство за внатрешни работи.

Последните анкети покажуваат дека Макрон убедливо би ја победил противничката на екстремната десница Марин Ле Пен во вториот круг на претседателски избори закажани на 7 мај. Ова го соопштија два институти, по првичните резултати на првиот круг.

Макрон е роден и израснат во Амиен, околу 112 километри од Париз. Тој е најстар од трите деца. И двајцата родители се доктори. Посетувал парохиско училиште основано од Језуитите. Кога имал 15 години, тој ја сретнал Брижит Троњо, наставник по француски јазик и драма во која се вљубил. Таа, која  е 24 години постара од него, се обидела на почетокот да го обесхрабри, но тој бил одлучен и на крајот таа била освоена. Брижит Троњо сега има 65 години.

 

2

Како што пишува магазинот „Ле паризиен“, кој разговарал со поранешните другари од одделението на Макрон, тој бил нејзин миленик во одделението.

„Секогаш него го земаше за пример. Целосно ја шармираше неговиот талент за пишување. Тој постојано пишуваше песни, а таа ги читаше пред целото одделение“, рекол пријател на Макрон од училишната клупа.

На крајот од школската година, тогаш 16-годишниот Емануел ја признал својата љубов кон наставничката. Секако, тоа не им се допаднало на неговите родители, кои наводно го натерале училиштето да го заврши во Париз, но парот останал во контакт. Брижит се развела од сопругот и почнала да живее со Макрон кога тој наполнил 18 години. Се венчале во 2007 година, токму кога тој ја започнувал политичката кариера.

3

4

5

Емануел Макрон (15) ја бакнува Брижит Троњо (40), две години пред да почнат да живеат заедно.

6




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.