Минатата недела компанијата Гентерм Македонија ДООЕЛ донесе одлука да не го продолжи договорот со 141 вработен заради следите околности:
– Главната производствена хала ќе биде готова во Март 2016
– Нема можност за нови или префрлување на проекти додека не биде готова главната производствена хала и додека се добијат одобренија од страна на купувачите – Април – Јуни 2016.
Сите овие луѓе чии договори не беа продолжени минатата недела беа информирани дека ќе бидат вработени назад со приоритет број 1 (бидејќи тие веќе беа обучени во Украина) во оној момент кога ќе биде готов производствениот капацитет и новите/трансферирани проекти ќе бидат отпочнати во Македонија.
Во моментов Гентерм Македонија има 345 вработени. Во случај на прашања Ве молиме контактирајте не на [email protected]
ГентермМaкедонија ДООЕЛ Прилеп