По повод претстојната Митровденска задушница, се известуваат сите благочестиви христијани, кои сакаат да се помолат за своите блиски упокоени во Христа, помените ќе се прават според следниот временски распоред:
Нови градски гробишта – петок и сабота од 12 часот.
Стари градски гробишта – петок и сабота од 13 часот.
Храм Св. Петка и храм Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС):
– Утрена со Заупокоена литургија, петок и сабота од 07:00 часот
– Вечерна богослужба, петок и сабота од 16:00 часот.
Блудците ќе се пеат веднаш по завршувањето на богослужбата. Упокој ги Боже Твоите слуги, и насели ги нивните души таму каде што почиваат праведниците. Бог да ги прости и да им дарува Царство Небесно.