Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има во Тетово, Маџари, Куманово, Македонски Брод, Сарамзалино, Делчево, Неготино, Удово, Кула, Петровец.

magla-na-patot-1

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.