Сообраќајна незгода се случи денеска околу 17:00 часот на раскрсницата кај театарот во Прилеп.
Имено според тврдењата на очевидците, возило марка Шевролет Спарк, удрило во младо женско лице на пешачки премин, при што девојчето се здобило со повреди и е пренесено во болницата во Прилеп.
Неофицијално возачот на возилото возел со зголемена брзина.
Полицијата врши увид на лице место и работи на откривање на точните причини за настанувањето на несреќата.