Улиците претворени во реки, сообраќајот се одвива во невозможни услови и плус не работат семафори…
Вистински сообраќаен хаос предизвикаа врнежите од дожд во Прилеп кои од вчера никако да прекинат. Улиците се претворија во реки, а шахтите наликуваат на фонтани.
Возачите мака мачат низ градот, а дополнителен проблем за нив е тоа што семафорите на една од најпрометните раскрсници кај “Чумовчанец” не работат.
Овие семафори често се расипани, а во вакви временски неприлики можат да предизвикаат и несакани последици. Затоа возете внимателно!