Сонце на крајот од годината: Временска прогноза за денеска и утре

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во североисточните делови. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

Денеска дневните температури ќе бидат: во Скопје и Кавадарци 7 Целзиусови степени, Маврово и Берово 4, Охрид 8, Крива Паланка 5, Дојран 11 степени, Прилеп 5.

Прогнозата за утре е умерено до значително облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и снег.

Дневните температури утре ќе бидат во Скопје 6 степени, во Охрид, Крива Паланка и Битола 5, Берово и Маврово 2, Кавадарци 7 и Дојран 9, Прилеп 3.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.