На вчерашниот натпревар од Сериа А помеѓу екипите на Илија Несторовски и Елиф Елмас, Удинезе и Наполи, присутни беа и четворица македонски вљубеници во фудбалот кои го развиорија шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.
Натпреварот заврши без победник 1:1, а Несторовски и Елмас вчера останаа на клупата. Сепак, тоа не беше причина за овие момци да не направат една ваква прекрасна фотографија за спомен.