Синоќа беше комплетирано првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.
На “Алијанц Арена” во Минхен, Баерн ја дочека Црвена Ѕвезда, а германскиот шампион стигна до убедлива победа од 3:0.
И како и секогаш кога игра Баерн, на трибините има по некој наш иселеник кој го гледа натпреварот.
Така беше и синоќа на “Алијанц Арената”, кога Македонец го развиори знамето со сонцето од Кутлеш, а за тоа собра еден куп пофалби по социјалните мрежи.