Мицкоски вчера на прес-конференцијата, најави ново автопатско решение од Велес преку Прилеп па се до Битола, неколку експресни патишта на потегот Куманово-Крива Паланка, Кочани-Радовиш, од Битола до границата со Грција, од Струмица до бугарската граница, како и од Кавадарци до Прилеп.
-Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Па така доколку го земеме во предвид дека моменталното времетраење на патувањето од Скопје кон Битола е повеќе од два часа, а патот од Градско па се до Битола е многу лош, па така тоа со најавата на Мицкоски би се скратило на помалку од час и половина.
-Се обврзуваме на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани. Воедно ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево – Охрид и автопатот Скопје – Блаце, рече Мицкоски.
Целата прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ проследете ја во продолжение: