Претстедателот на СОНК, Јаким Неделков соопшти дека штрајкот во училиштата продолжува.
Тој соопшти дека од вкупно 480 синдикални организации, 388 биле „за“ продолжување на штрајкот, а само 83 биле за прекинување на штрајкот и продолжување на наставата. Советот на СОНК донесе одлука дека штрајкот во основното и во средното образование продолжува и во текот на утрешниот ден се до наоѓање на заедничко прифатливо решение помеѓу Синдикатот и Владата, рече Неделков.
Штрајкот во градинките ќе се стави во мирување и од утре тие ќе почнат редовно да работат поради барањето на големиот број градинки да продолжат со работа во интерес на родителите и децата.