СОНК најавува штрајк и протести

СОНК бара зголемување на платите веднаш, во спротивно излегуваат на улица.

Првиот човек на Синдикатот, Јаким Неделков, бара премиерот Христијан Мицкоски и ресорната министерка Весна Јаневска да најдат начин и од следната недела да пренаменат дел од парите во буџетот, за покачувања на платите во образованието. Доколку не се зголемат платите, ќе протестираат.

„Ако не се зголемат платите, не се исклучува можноста да го радикализираме незадоволството“, изјави Неделков, претседател на СОНК

Министерката за образование го повтори ставот дека платите во овој сектот ќе растат. Сега со септемвриската плата ќе има минимално покачување, а веќе од март порастот ќе биде солиден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.