Соколески пред шампионска титула! Битолчани вечерва ја срушија доминацијата на Вардар! (ФОТО/ВИДЕО)

После долги години доминација на црвено-црните од Скопје, македонската ракометна Супер лига добива нов шампион. Вечерва во преполната спортска сала “Боро Чурлевски” во Битола, Еурофарм Пелистер ги совлада гостите од Скопје и речиси сигурно ќе стане нов шампион.

Громогласната атмосфера од првата до последната минута, беше мотив плус за битолчани да стигнат на прагот на првата титула после сезоната 2004/05.

Крајниот резултат на семафорот беше 26:23 (13:12 на полувремето). Со овој резултат, битолчани на две кола пред крајот на сезоната имаат предност од 3 бода пред вардарци.

Следното коло се игра на 21.05, кога Еурофарм Пелистер гостува кај Охрид, а Вардар кај Тиквеш. Во последното коло пак битолчани го пречекуваат Тиквеш, а Вардар во Скопје уште еднаш ќе ги одмери силите со Алкалоид.

Да не заборавиме. Во екипата на битолчани е тренерот на голманите од Прилеп, Ице Соколески, чиј допринос во освојувањето на оваа титула секако е за пофалба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.