Со една минута молчење за паднатите другари во населбата Диво Насеље, започна судската расправа во Апелациониот суд во Скопје во случајот “Диво Насеље“.
Судењето започна во напната атмосфера и со револт изразени од страна на членовите на Кумановската група, известува новинарот од Лајм од седницата во Апелација. Тие не и дозволија на судијката да зборува на македонски.
– Кумановската Група му се обрати на македонската судијка: Зборувајте албански, тука е Албанија, вие “избеглици”, сте дојдени овде, рече Вал Зекај од Кумановската група, не дозволувајќи и на судијката да зборува. Него го поддржаа и другите членови на Групата. Тие добија овластување на адвокатите и ја напуштија седницата.
Извор: kurir.mk