Совршенството во Прилеп има ново име! На денот на виното и љубовта почнува со работа “Симфонија”, а oтварањето ќе биде вистинско уживање!

За моментите кои се паметат вечно, за моментите кои се случуваат еднаш во животот и оставаат вредни спомени и сеќавања, дозволете да се погрижи некој што ќе ви го овозможи токму тоа.

A во Прилеп отсега конечно ќе има каде! Градот наскоро ќе добие репрезентативен објект, кој ќе биде идеално место за сите ваши семејни и деловни свечености.

На само 5км од градот, во населеното место Ново Лагово, салата за свадби и организирани настани и свечености “СИМФОНИЈА” веќе го добива својот блескав изглед.

На задоволство на сите идни брачни парови, тоа ќе биде објект каде сите соништа и замисли ќе станат реалност.

Со капацитет до 600 гости, модерен дизајн, елегантна атмосфера и внимателно дизајниран ентериер, “СИМФОНИЈА” ќе понуди нешто ново што досега не е видено во градот под Марковите Кули.

Магија која освојува, која ќе ви направи да се чувствувате исполнето за време на целиот престој и ќе знаете дека сте го одбрале вистинското место да ја споделите радоста со сите.

Освен свадбени свечености, крштевки, родендени и јубилеи, “СИМФОНИЈА” ќе ви стои на располагање за секакви тематски настани и забави, конференции, семинари, коктел вечери, модни ревии, презентации, промоции и слично.

Започнуваат со работа на 14. февруари на Денот на љубовта и виното – датум кој ќе биде запишан со златни букви. А поубаво и не можело, освен со одлична музичка понуда.

Тимот на “СИМФОНИЈА” ве кани да уживате во празничната вечер заедно со:

НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ и МИШЕЛ ТРАЈКОВСКИ БЕНД

ИГОР ДИМОВСКИ и ПАУЗА ЗА РАКИЈА

Во звуците на маестралните музички мајстори ќе уживате по цена од само 990 денари, што вклучува богата мени карта за убаво гурманско доживување.

Ако петокот ви е веќе резервиран, тогаш во сабота на 15. февруари забавата продолжува со популарниот прилепски бенд “ТАЈФАТА”, милениците на публиката за кои секогаш и секаде се бара карта повеќе.

Резервирајте навреме и не дозволувајте некој друг да ви раскажува.

Телефон: 078 446 654

Не пропуштајте ја забавата која долго ќе се памети! Заедно да ги прославиме виното, љубовта, животот и прекрасните моменти!

Тимот на “СИМФОНИЈА” ве очекува!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.