Совет од постарите: Постои само една работа која никогаш не треба да ја заборавите

Ако можевте да си напишете писмо до себеси во иднина, што ќе имавте да си кажете? Ќе размислувавте на баналните работи со кои секојдневно се опседнувате или на работите кои значат?

Неколку млади луѓе биле замолени да го направат токму тоа, да си напишат писмо до себеси. Различни писма биле составени од различни приоритети. Некој се надева дека ќе стане милионер, некој дека повеќе ќе оди во теретана…

Одговорите варираат од едноставно средување на гардероберот до соочување со соученикот кој ги малтретира.

Но, дали некогаш сте се запрашале што „идниот јас“ би ви кажал? Како би возвратил на вашето писмо?

За таа цел било побарано и од постари луѓе да даваат совети до помладите и сите тие имаат една работа која ја препорачуваат младите луѓе никогаш да не ја заборават, а тоа е да не заборават на љубовта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.