Советот на општина Прилеп денеска ја одржа 61-та ИТНА седница со две точки на дневниот ред.
Советниците гласаа за одобрување на донација од четири минибуси и за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на траењето на театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински”.
Донацијата на четирите минибуси доаѓа од компанијата ДТУ УНИПРОМЕТ НМ ДООЕЛ Скопје, а со ставање во функција на овие возила од страна на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање за превоз на ученици, општината и претпријатието ќе заштедат големи средства во иднина.
Во однос на втората точка, советниците изгласаа одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на одржување на Македонскиот театарски фестивал ,,Војдан Чернодрински“ -Прилеп, односно во првите три дена од театарските игри, и тоа во траење од дополнителни два часа.