Бојан Маричиќ имаше вклучување во живо во емисија на “Ал Џезира” Велика Британија, каде се обиде да го прикаже референдумот како успешен.
Maричиќ како и сите гласноговорници на власта рече дека не фалеле гласови “ЗА”, туку гласови “Против”, прикажувајчи дека 609.000 колку што гласаа за промена на државното име е доволно и дека референдумот е успешен.
Новинарката која ја водеше емисијата професионално си ја заврши работата, и му го посочи фактот дека не е постигната минималната граница на излезеност и со тоа референдумот не е успешен.
Погледнете како водителката не дозволи да се шири пропаганда и видете ја реакцијата на Маричиќ:
Претходно и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, откако не успеа да го докажи истото, призна дека еден дел од референдумот е неуспешен.
Откако неговата изјава за успешен референдум беше прекината од новинарката која не сакаше да ја прифати неговата аргументација за 92 % гласови ЗА и со тоа успешен референдум, Пендаровски призна дека правно референдумот пропаднал, но дека постојат правни интерпретации на неговата партија што велат поинаку.
Подоцна Пендаровски зборува и за политичкиот контекс на референдумот и неговата политичка успешност и легимитет за власта но не негираше дека де факто тој е пропаднат.
Делот од разговорот со Пендаровски каде што тој признава дека од правен аспект референдумот е ништовен: