Советник од СДСМ лапал тендери, опозицијата молчи?

Дали вака функционира коалицијата во Прилеп?

Порталот “Народен Глас” обзнани дебела соработка помеѓу Јавното комунално претпријатие “Комуналец” од Прилеп, со кое раководи директорот од ВМРО-ДПМНЕ, Рубин Абрашоски, и фирмата на еден од најистакнатите советници од СДСМ во Советот на општина Прилеп, Никола Мариноски.

Имено, Мариновски е одговорно лице на компанијата ДООЕЛ “Прилепски текстилен Конзорциум”, фирма која во изминатите години во повеќе наврати добивала милионски (во денари) тендери од ова јавно комунално претпријатие. Но, соработката се чини продолжила и со промената на директорската гарнитура во претприфјатието, па така според јавните податоци на порталот на Бирото за Јавни набваки, ЈКП Комуналец – Прилеп, со овој „конзорциум“ на чело со Николче Мариновски, од март лани, до јуни годинава, има склучено три договори. Договорите се за јавни набавки за ветеринарни услуги, како и за храна за животни, птици и кучиња (сено, јачмен, пченица, царевка, сончоглед), во вкупна вредност од речиси 2,5 милиони денари, или околу 40.000 евра.

Дали ова не претставува класичен пример на судир на интереси?! Прашање на кое треба да одговори Државната Комисија за спречување на корупција.

Инаку во времето на Илија Јованоски истиот „конзорциум“ има склучено и договор за РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СПОРТСКИ И ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА НА Територија на Општина Прилеп во вредност од 2.332.906 денари!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.