„Совети за правилен раст и развој на децата“- тема која предизвика голем интерес кај прилепчани

Во организација на родители од Прилеп по иницијатива на Катерина Ивановска Вангелова денеска во големата сала ЦК „Марко Цепенков  се одржа предавање на тема „Совети за правилен раст и развој на децата“.

_MG_9076

Зошто е неопходно децата правилно да дишат и правилно да вежбаат?! Како да се контролираат мислите и чувства? Кои се факторите на детското здравје?! Како децата се дебелеат и како вишокот на мрсна храна го пореметува детскиот метаболизам?! Што е емоционална интелигенција и како таа помага да се  развие самодисциплината, одговорноста и концентрацијата кај децата и  како практикувањето јога помага во правилниот раст и развој на децата?!

_MG_9112

На овие и други теми пред голем број  присутните слушатели говореа неколку еминентни лекари, професори и доктори на наука од Р.Македонија.

Д-р Благоја Ѓорѓиески , специјалист физијатар, професор по јога и претседател на Јога Сојузот на Република Македонија ја истака „Неопходноста од прилагодување во денешницата за доброто здравје на децата од најмала возраст“.

_MG_9087

Магистер, д-р Албена Манева Крстевска од Скопје, специјалист ортопед, дипломиран хомеопат, практичар за биорезонантна дијагностика и терапија говреше на тема
„Вибрациите или резонанцијата како основен физички концепт во настанувањето и лекувањето на акутните и хронични заболувања кај децата“.

_MG_9065

Д-р Александар Митов од Скопје, магистер по здравствена екологија и влијанија на животната средина врз здравјето, главен стручен консултант и иницијатор на кампањата на Владата на Р. Македонија насловена „Здравјето е избор“ говореше за „Прекумерната тежина кај децата и последиците по здравјето“.

Д-р Жарко Костиќ од Скопје, пред присутните ја потенцира темата „Како да ја разбудиме и одржиме генијалноста кај секој од нас“.

_MG_9078

Нела Јолеска од Скопје, меѓународно сертифициран тренер и тренер на тренери за развој на емоционалната интелигенција, како и директор на ЕQ Excellence, пред пристуните говореше „Како со критичкото размислување и креативноста можеме да ги развиваме талентите и емоционалната интелигенција кај децата“.

_MG_9080

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој присуствуваше на оваа интересна трибина за правилен развој на децата нагласи дека е ова ретка можност за добивање  на многу искрени совети и нови научни сознанија од искуството на еминетни докторите и предавачите,  кои за првпат можат да се слушнат за доброто и правилниот развој на нашите деца.

_MG_9092




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.