СОВЕТИ ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТ: Живееле повеќе од 100 години, ова се нивните тајни и навики (ВИДЕО)

Се повеќе луѓе живеат подолго од 100 години, а се предвидува дека до 2050 година во светот ќе има околу 3,2 милиони. Според некои проценки моментално во светот живеат околу 300.000 луѓе постари од 100 години.

Американската онлајн страница наменета за постари луѓе “А place for Mom” ги истражила старите весници и извале разговори со најстарите луѓе на светот.

Иако многу од нивните совети изгледаат како луди, заедничко за повеќето од нив е здравиот начин на живот, што од оваа страна го издвојуваат како главен совет за долговечност.

Леандра Бекера Лумбрерас

Ова Мексиканка починала во 2015 година на 127-годишна возраст. Таа тврдела дека има толку години, иако не постоеле докази за нејзиното раѓање. Сакала чоколадо, избегнувала брак и спиела долго.

Жеан Луис Калмент

Починала во 1997 година на 122-годишна возраст. Ова Французинка својата долговечност ја препишувала на маслиновото масло, чоколадата, цигарите и виното. Во брак била 46 години, а живеела уште 55 години после смртта на сопругот.

Ема Морано

Зборувала дека живее долго затоа што мажот го избркала од куќата и повеќе никогаш не се омажила. Секој ден јадела три јајва. Живеела во Италија, а починала во 2017 година на 117-годишна возраст.

Жаралеан Тали

Родена е во 1899 година во САД, а починала на 115-годишна возраст. Зборувала дека живее толку долго затоа што никогаш не им го правела на другите она што сакала да не и го прават нејзе. Покрај тоа својата долговечност ја препишувала на вербата во Бог и јадењето свински нозе.

Ричард Овертон

Живееле во Тексас во САД и доживеал 112 години старост. Секој ден пушел по 12 цигари, пиел 4 чашки виски наутро и јадел сладолед секоја вечер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.