Четворица нови министри и четворица нови заменици-министри во рамки на реконструкцијата на Владата избра синоќа македонското Собрание.
За нова министерка за правда е избрана Рената Дескоска, за министер за образование и наука Арбр Адеми, за култура Асаф Адеми и за министер без ресор Бардил Даути.
Во рамки на реконструкцијата на Владата за заменик-министер за надворешни работи е избран Андреј Жерновски, за заменик министер за здравство Асим Муса, за заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за заменик министер за транспорт и врски Садик Беќири.
Како нови коалициски партнери во Владата влегуваат крилото на Беса на Африм Гаши и ДПА, кои имаат министерски места, како и Сојузот на Ромите.
Предлогот за нови министри премиерот Заев до Собранието го достави минатата недела, а е резултат на неговите преговори и со нови коалициски парнери со кои го зголеми парламентарното мнозинство.