“Собранието дускутираше за казната на една прилепска голема фирма”

Драган Цуклев, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара на денешната седница, точката 21 од дневен ред за заштита на конкуренција да се симне, бидејќи комисијата за заштита на конкуренција е надлежна за спроведување на законот за заштита на конкуренција и со таа цел врши спречување на сите облици за санкционирање на сите облици на нарушена конкуренција.

Минатата година имаше обид да се прикрие кога беше разгледуван годишниот извештај на комисијата за заштита на конкуренција да се прикрие енормното намалување на изречената глоба од два 2.700.000 евра на 70.000 евра, појасни Цуклев.

На барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се добие сета документација во врска со овој случај, во смисол судска одлука. Но им беше одговорено дека ќе го добијат со извештајот за 2018 година кој ќе биде разгледуван 2019 година. Годинава конечно разгледаната глоба од 70.000 евра претставува 97% намалување на првично изречената глоба, ја има во годишниот извештај меѓутоа само како решение кое потполно исто и се повикува на истите ставови и точки, членови од законот за заштита од конкуренцијата како и првично изречената глоба од 2.700.000 евра, истакна Цуклев при што додаде дека на веб страната нема ниту никакви податоци и сето тоа е закочена година ипол.

Цуклев се обрати до пратениците ако сакаат ова Собрание да има увид во работата на комисијата како и за оваа комисија и законот повторно да почне да се разгледува во комисијата, а да се тргне од дневен ред од собранието.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.