Собранието доби 6 нови пратеници

Собранието на Република Македонија ќе добие двајца нови пратеници на местото на Кирил Пецаков и Биљал Касами кои ќе дседнат во градоначалничките фотејли. Се работи за Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ и Драгољуб Филипоски од СДСМ.

Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на местото новиот градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков. На местото на Биљал Касами, пак, кој победи во трката за Тетово, пред досегашната градоначалничка Теута Арифи, ќе дојде Драгољуб Филипоски од СДСМ.

Изменет состав собранието доби и во првиот круг, кога Тимчо Муцунски, Иван Јорданов, Дарко Костовски, Коста Костадинов однесоа победи во своите општини.

На местото на Тимчо Муцунски, кој беше во првата изборна единица, дојде Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ. На местото на Иван Јорданов, дојде полковник Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Ангелова Емилија, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, ќе дојде на местото на Дарко Костовски од таа партија. Коста Костадинов од СДСМ, кој е идниот градоначалник на Струмица, ќе го замени Драгица Спасова од СДСМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.