– Под мотото „28 години пееме заедно“ СИ ДО звездичките на голем музички концерт собраа огромен број вљубеници на детската музика и покажаа дека детската песна е бесценета.
Младите музички таленти заслужуваат вистинска поддршка која ќе им овозможи да се усовршат во светот на музиката и оние кои се навистина талентирани да имаат добри услови да градат музичка кариера. Ова го истакнуваат од СН Осигурителен Брокер АД Битола, општествено одговорна компанија која и оваа година обезбеди поддршка за детскиот музички фестивал „СИ ДО“.
Под мотото „28 години пееме заедно“ СИ ДО звездичките на голем музички концерт собраа огромен број вљубеници на детската музика и покажаа дека детската песна е бесценета, исполнета е со најубавите детски желби и соништа, кои кога би се отствариле светот би станал поубаво место за живеење.
Токму ваква позитивна енергија испратија 20 солисти од сцената на Центарот за култура во Битола на 9 април. Освен што обезбеди поддршка за организацијата на фестивалот од страна на Здружението на граѓани од областа на културата “Промедиа Битола“, СН Осигурителен брокер младите пејачи ги награди и со пакетчиња со школски прибор со цел да ги мотивира да останат посветени во процесот на својата едукација и постојано напредување.
„Фестивалот СИ ДО е музички симбол на Битола. Тоа што интересот за овој фестивал е толку голем покажува дека станува збор за вистински вредности, во чиј дух сакаме да бидат воспитувани идните генерации. Фестивалот се наближува кон тоа да ја заокружи својата трета деценија и особена чест и задоволство ни е што веќе со години сме партнери и поддржувачи на фестивалот кој ја афирмира детската песна не само во земјата, туку ширум светот.“-посочуваат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.
Фестивалот кој го носи името „СИ-ДО“ во чест на познатиот композитор Петар Сидовски успешно ја исполнува мисијата да биде двигател на македонската музичка сцена и да им даде поткрепа на младите таленти на почетокот на нивната музичка кариера.
„Во сите изминати години од фестивалот имаат излезено многу хитови кои се влезени во македонската антологија на детска песна и секое издание на фестивалот е проследено со аудио и видео издание. Како што може да се забележи низ сите овие години имаат поминато многу генерации на деца. Како резултат на тоа секоја генерација си има свои хит песнички, повозрасните генерации се сеќаваат на постарите хитови, новите генерации на актуелните хитови. Од оваа инстанца за успешно одржување на фестивалот многу ни значи поддршката од спонзорите за што искрено им се заблагодаруваме. Токму со таа поддршка одржуваме високо ниво на фестивалот по кој Битола е препознатлива. “-вели Дарко Шерденков, директор на фестивалот СИ ДО, заблагодарувајќи се за поддршката од СН Осигурителен брокер АД Битола.