Пакетот СН Дом нуди осигурување од цела палета ризици на кои секојдневно се изложени домаќинствата и семејствата, вели Владимир Трајковски од СН Осигурителен Брокер АД Битола.
Тој вели дека расте интересот на граѓаните за овој тип на осигурување, бидејќи на се повисоко ниво е и свеста дека овој тип осигурувањето штити од големи финансиски издатоци во непредвидени и неповолни ситуации поврзани со домот и семејството.
„Пакетот покрива 18 ризици, што е рекорден број за еден пакет за домаќинско осигурување, започнувајќи од пожар, удар од гром, експлозија, град, луња, поплава од внатрешни инсталации, паѓање на воздушни летала, удар од сопствено моторно возило во градежен објект, провална кражба и разбојништво, кршење на стакла во домот, осигурување од незгода на сите членови во семејството, приватна одговорност итн…“-појаснува Трајковски, додавајќи дека СН Осигурителен Брокер АД Битола по обемно истражување на потребите на граѓаните, го креираше пакетот СН Дом, кој истовремено овозможува осигурување на домот и на членовите на домаќинството.
„Осигурениците се повеќе се интересираат како да го заштитат она што за нив е највредно, семејството и домот, и како тоа да го направат по пристапна цена. Пакетот СН Дом го нуди токму тоа. Нуди заштита со широк опфат и тоа по цена веќе од 1500 денари годишно.“-вели Трајковски.
Имотното осигурување ви овозможува да се ослободите од грижите за безбедноста на вашиот дом преку полисата за осигурување. Пакетите СН Дом Комфорт и СН Дом Ексклузив покриваат и дополнителни ризици.
Колку точно ќе чини таквата заштита, секој заинтересиран може да пресмета преку калкулаторот на веб страната на СН Осигурителен брокер.
„Цената се пресметува врз основа на квадратуратра на станот или куќата кои се осигуруваат. Секој брзо и лесно може да пресмета колку би чинело осигурувањето на неговиот стан или куќа на нашата веб страница www.snbroker.mk. За да се добие годишна цена за осигурување потребно е само да се внесе квадратурата на станот и да се избере пакетот. Но, сите информации, како и бесплатна консулација можат да се добијат во секоја од нашите 42 подружници низ цела Македонија. Во Битола, граѓаните веќе добро знаат дека сме сместени во центарот на градот спроти Белата куќа.“-вели Трајковски, додавајќи дека низ цела Македонија експозитурите на СН Осигурителен Брокер се наоѓаат на лесно достапни локации за граѓаните, најчесто во централното градско подрачје.
На услуга на осигурениците им се повеќе од 140 вработени низ цела Македонија. „Најлесно ќе најдете која подружница е најблиску до вас преку нaшата веб страница https://snbroker.mk/lokacii/. Дополнителни информации можете да добиете и на контакт телефоните 15770 и 076 439 109 или на емаил: [email protected]. Важно ни е нашите осигуреници да знаат дека СН Брокер е секогаш на нивна страна. Токму затоа нашето мото е: Убаво е кога некој е секогаш на ваша страна!“-додава Трајковски.