СНИМКА ОД ДРОН: 60 илјади луѓе пред Влада- граѓаните побараа предвремени парламентарни избори (ФОТО+ВИДЕО)

Голем број граѓани на денешниот протест против Владата на Зоран Заев организиран од страна на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го изразија своето незадоволство од работата на власта во Република Македонија.

Меѓу 50-60 илјади граѓани се собраа во знак на револт од политиките на Владата која во моментов ја предводи Македонија.

Граѓани од сите страни на Република Македонија пристигнаа пред Владата, на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред големиот број граѓани собрани пред Владата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските во 2019 година.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.