Дронот на ТВ НОВА прелета над Прилеп, каде митинг одржа Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Победничка атмосфера и еуфорија владее под “Марковите кули”. Градот херој масовно ја поддржа владејачката партија. На митингот можат да се видат над 15.000 поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”.
Прилеп е последната дестинација за митингување на ВМРО-ДПМНЕ во последниот ден од предизборната кампања.