Снегот е големиот уметник на зимата! Првите врнежи во текот на вчерашниот ден го зафатија и Прилеп, како и планинските предели околу градот.
Снежната бајка го зафати и светилиштето во село Кален-мариовско.
Манастирот Свети Илија Писокал во бело руво е дополнителна причина да го посетите и да уживате во чистиот планински воздух…