Планинарите кои го посетија денеска Пелистер, на социјалните мрежи објавуваат фотографии со снег и бела покривка.
Иако и натаму календарски е лето, сепак, ниските температури низ земјава придонесоа за студено време особено на планините.
Сепак, набрзо после снегот на Пелистер изгреа и сонце кое го стопи снегот.
Студеното време ќе продолжи и во следните неколку дена.