Од екипата прилепчани кои се појдени да ја бодрат Македонија во Порто ја добивме и оваа интересна фотографија.
Според напишаното се работи за двајца нашинци од Чикаго и Мајами, кои во четири дена смениле четири авионски летови за да стигнат навреме во Порто.
“Формулата е едноставна, четири дена – четири авиони, двајца луди Македонци од Чикаго и Мајами до Португалија, со срце за Македонија”, пишува на нивната парола.
Секоја чест момци!